fbpx

Груевски: Во Брисел ја кажав вистината за Македонија

-

Премиерот Никола Груевски изјави дека на денешниот партиски Самит на Европските политички лидери во рамки на Европската народна партија (ЕПП), ги информирал присутните за  вистината за случувањата во Македонија.

Самитот на најголемата и најбројна партија во Европскиот парламент, на кој присуствуваа и европската лидерска двојка Жан-Клод Јункер и Доналд Туск, германската канцеларка Ангела Меркел, унгарскиот премиер Виктор Орбан, Никола Саркози и други, премиерот Груевски го искористи за неколку неформални средби со присутните од европската политичка елита.

– Темата на Самитот беше поврзана со проблемите што Европската унија ги има со Украина, со финансиските и со политичките состојби во Грција наспроти Монетарната унија и теми, исто така, поврзани со случувањата во ЕУ. На маргините на Самитот, имав можност да поразговарам со неколкумина и да ги пренесам информациите од Македонија и она што се случува, за вистината, за нашите очекувања и намери за понатаму – посочи премиерот Груевски.

За Груевски било корисно во разговорите да се испратат пораки, информации и „да се кажат детали што тука не ги знаат и не ги примиле како информации, а за да се расчистат работите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...