fbpx

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните избори, кога и да се одржат

-

ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните избори, кога и да се одржат, а што порано – тоа подобро, за да се скратат штетите по економијата, рече денеска лидерот на партијата, Никола Груевски, во своето обраќање на 25. конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски повторно ги нападна опозицискиот СДСМ и Специјалното јавно обвинителство, за кое рече дека работи непрофесионално и во насока на оцрнување и на загрозување на ВМРО-ДПМНЕ.

– За жал, многумина однадвор, без да направат длабинска анализа, потпаѓаат под приказната дека ова што го велам е неточно или е некоја кампања против СЈО. Многумина од нив, немајќи време за длабинска анализа, преземаат ставови еден од друг, верувајќи дека се точни. Раководството на СДСМ повторно се фокусира како да направи некоја нечесна игра во правец на изборите. Пак коваат план да ни направат некоја нова пакост, штета, интрига, подметнување, лажирање, насилство, закочување, оцрнување, клеветење, некаков хаос. Не можат да излезат од таа матрица – рече Груевски.

Според него, од почетокот на 2015 година до денес, ВМРО-ДПМНЕ и Македонија се цел на напад со специјални средства, а СДСМ ја има улогата да „одглуми вешт напаѓач“.

– Слабо ја вршат таа улога. ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија, направи проценка на ситуацијата и изгради своја сопствена стратегија за одбрана и за надминување на ситуацијата. Таа стратегија некој ја одобрува и ја поддржува, а некој ја критикува од различни аспекти. Секој различно, зависно од информациите што ги поседува, аналитичките капацитети, сопствениот карактер и политичкото искуство. Таа стратегија не подразбира дека проблемот ќе се надмине без пречки, опструкции, кризи во нејзиното спроведување, лични откажувања и жртви, привремени отстапки, попатни корекции и слично. Целите на стратегијата се: на прво место државата и нејзиниот интерес, како и интересот на народот, по цена за тоа да се жртвуваат одредени партиски или нечии лични интереси – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој изјави дека СДСМ одговорот за своите штетни политики ќе го добие од граѓаните на следните избори.

– Колку подоцна се одржат, поголема ќе е казната за СДСМ поради овие негови политики и штети што ги прави на сите граѓани. Во наредните четири или десет месеци, како и да е, Македонија ќе стави крај на оваа политичка игра и на политичката хајка. Избори ќе има и довербата ќе ја добие повторно ВМРО-ДПМНЕ, заедно со УМС како еден од нашите клучни столбови – посочи Груевски.

Тој во својот говор се задржа и на економските прашања и, меѓу другото, најави пет нови инвестиции во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...