fbpx

Груевски се сретна со Курц

-

Премиерот Никола Груевски се сретна со австрискиот министер за Европа, интеграција и надворешни работи, Себастијан Курц.

На средбата се  разговарало за прашања од повеќе области, како што се политичките односи меѓу Македонија и Австрија, развојот на економските односи и потенцијалите за соработка и за унапредување на трговската размена, како и за европските и евроатланските интеграции на нашата држава.

Груевски кажал дека Австрија претставува и значаен трговски партнер на Македонија и во таа насока потребно е да се искористат можностите кои стојат на располагање на двете држави за дополнително унапредување. Министерот за надворешни работи Курц ја реафирмираше поддршката која Австрија ја дава на членството на Македонија во Европска Унија и во НАТО, како и интересот на Австрија за побрзо интегрирање на целиот регион.

Тој изрази уверување дека со заеднички напори во наредниот период, ќе се успее да се унапреди билатералната економска соработка, која претставува приоритет на владите од двете држави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...