fbpx

Груевски: СДСМ и ДУИ сакаат да направат „дефакторизација“ на македонскиот народ

-

„СДСМ и ДУИ сакаат да направат „дефакторизација“ на македонскиот народ. Она што сега се случува, покажува дека СДСМ е цврсто влезена во намера да ја редефинира Македонија. Но, морам да потенцирам дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе стојат цврсто во која било ситуација на браникот и одбраната на државата и националните интереси“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по презентацијата на извештајот за напредокот на Македонија на листата за економски слободи на фондацијата „Херитиџ“ во Порта „Македонија“.

Оценувајќи ја ситуацијата со преговорите за формирање нова влада, тој додаде дека СДСМ и ДУИ се обидуваат да направат „дефакторизација“ не само на Македонците, туку и на Турците, Србите, Власите, Ромите и на другите националности.

– Таа „дефакторизација“ нема да ја дозволиме. Она што, исто така, го гледаме е дека СДСМ се обидува на некој начин да се натпреварува сам со себе колку повеќе ќе им даде на албанските партии и се поставува прашањето до кога така. До кога со тоа давање, дали до моментот до кога нема да остане ништо во државата за давање и ќе се загуби сето она што е стекнато со многу труд, со многу крв и сo многу напор – изјави Груевски.

Тој вели дека она што сега се случува, тие го предвиделе на изборите и го испратиле како порака до граѓаните. Груевски истакна дека тогаш кажале дека СДСМ подготвува редефинирање на државата, дека подготвува нешто што нема да му се допадне на македонскиот народ, но и на другите помали етнички заедници во Македонија и дека тоа треба да се спречи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека тоа што сега од СДСМ тврдат дека Уставот нема да се менува е само заради фактот што, како што рече, знаат дека тој без ВМРО-ДПМНЕ не може да се менува.

– И тука ќе останеме цврсто на бедемот на одбраната на државните и на националните интереси во која било форма и во која било ситуација – рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во оваа држава има луѓе кои мислат на државните и на националните интереси и се подготвени да се борат за нив.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...