fbpx

Груевски: Работиме на воспоставување повисоки стандарди во политиката

-

Потребни се луѓе со високи цели, образовани и мотивирани, кои со сиот свој капацитет ќе се вложат Република Македонија со брзи чекори да ги достигне сите сегменти кои се репер на развиените европски демократии, порача премиерот Никола Груевски на отворањето на политичката академија „Јакнење на капацитетите на младите и на жените во политиката“.

– Ако се сака и посветено се работи, може да се постигне многу и да се натпреваруваме со најсилните во светот – рече Груевски, посочувајќи го како пример извештајот „Дуинг бизнис“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека во годините наназад, активно работи на постојана едукација на сопствените кадри, за, како што истакна, воспоставување нови и повисоки стандарди во политиката и во политичкото работење во државата.

Тема на академијата е вклучувањето на младите и на жените во политиката и во раководењето.

– Потребно е само да се види составот на сите влади што ги предводи ВМРО-ДПМНЕ, раководствата во институциите, општините, општинските комитети, составот на извршниот комитет на партијата. Младите и жените се секаде присутни. Нема предрасуди, нема стереотипи. Се цени способноста и мотивираноста, а потоа сè друго – истакна премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...