fbpx

Груевски повторно на суд – денеска рочиште за блиндираниот „мерцедес“

-

Во Основен суд Скопје 1, познат како Кривичен суд, денеска со почеток во 10.30 часот ќе се одржи ново рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден повеќе од 550.000 евра.

Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски.
На претходното рочиште што се одржа на 15 март беа сослушани тројца сведоци. По нивните искази, судијката Добрила Кацарска го прекина судењето поради неприсуство на четвртиот сведок, кој бил уредно поканет, а следното рочиште го закажа за денеска.

Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во име на МВР на нов блиндиран луксузен автомобил „мерцедес С-600 гард“, а во постапката билa фаворизиранa една компанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...