Груевски по одлуката на Апелација: Нема да гласам за уставни промени


       
Скопје, 5 октомври, 2018 - 13:28 (META) 

Казната затвор е политички прогон, изјави експремиерот Никола Груевски по соопштувањето на одлуката на Апелациониот суд со која му се потврдува двегодишната затворска казна за случајот ,,Тенк” на СЈО за набавка на мерцедесот од 600.000 евра.

– Ова е класичен политички прогон. Ќе ги искористам сите правни лекови кои ми стојат на располагање. Овде нема потреба од нови докази затоа што веќе има многу докази за овој случај. Според обвинението, ме гонат дека сум влијаел да се купи возило во кое покрај другите требало да се возам и јас -изјави Груевски.

На новинарско прашање во врска актуелната ситуација во која се потребни пратенички гласови од опозицијата за изгласување на уставните измини, Груевски рече дека нема да се трампа за амнестија.

– Нема да гласам за уставни промени и нема да ги поддржам истите. Јас немам намера да го изневерам народот – изјави Груевски.

Груевски соопштението на Апелација го дочека во судница додека ги слушаше бомбите во ,,Титаник”.