fbpx

Груевски открива лек за Сорос, активно одмора и го чита Трамп

-

Во божиќното „мегаинтервју“ за електронското издание на неделникот „Република“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, огромен простор одвојува за пресметка со „Џорџ Сорос и сите милиони што ги истура во Македонија“ и со „корумпирани новинари, сопственици на медиуми, професори, интелектуалци, аналитичари, активисти, предводени од професионални протестирачи“.

– Да не беше Сорос со целата мрежа од НВО, медиуми, политичари, внатре и надвор, што ги плаќа, влијание во најмоќните држави во светот, и тоа одлучувачко влијание кога станува збор за помали земји како нашата, немаше да е толку тешко, а и економијата ќе беше посилна, ќе имавме повеќе нови отворени работни места – вели Груевски во интервјуто со индикативен наслов „Граѓанскиот сектор не смее да остане во рацете на Сорос“.

Според него, граѓанскиот сектор во иднина „не смее да остане само во рацете на Сорос и на странски влади“.

– Сорос во Македонија ги направи модерна армија. Да, класична армија, Сорос во Македонија ги направи НВО модерна армија. Денес битката не е со пушки и со пиштоли како пред 100 години, туку со НВО, корумпирани медиуми и новинари и влијание на моќни странски медиуми и моќни странски влади за нивните политики кон една земја да ги насочат во правец на неговите цели. Тоа е реалноста и, за жал, така дејствува Сорос. И тогаш те прават што сакаат. Те гмечат, те сукаат, како тесто. Ќе те направат и криминалец, и крадец, и предавник, и идиот, и неспособен, и монструм, сè што ќе наумат. Па, оди потоа излези на избори. Ќе ти измислат триста афери, купишта лаги и дезинформации, едно зборуваш, друго се пренесува итн. Може светски медиуми како „Асошиејтед прес“ или „Вашингтон пост“ коректно да ја пренесат информацијата, но не може тоа да го направат медиумите финансирани од Сорос-фондацијата во Македонија. Но, има лек и за тоа – вели Груевски и најавува дека ќе го каже лекот во продолжението на интервјуто.

Инаку, за Нова година тој бил „дома, семејно, а потоа два-три дена во Маврово“, но не признава дека одмора, туку, вели, бил на активен одмор, а прочитал и „некоја книга“.

– Навидум одмор, инаку со мислите работев максимално на планови и на стратегии за понатаму. Носев и некои материјали со мене… Прочитав и некоја книга. „Повторно величествена“ од Доналд Трамп. Многу интересна. Ја препорачувам – вели Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...