fbpx

Груевски оди во четворката против Заев

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва преку својата официјална страница на „Фејсбук“ соопшти дека изборната битка против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ја бие во четвртата изборна единица. Тој вели дека на 11 декември заедно со народот ќе го соочат Заев со реалноста.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред малку ги достави до ДИК листите на кандидати за пратеници за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември, неполн час пред истекување на крајниот рок за доставување листи.

Според објавените листи, Никола Попоски во едницата ќе си ги одмери силите со Стево Пендаровски од СДСМ, Ивон Величковски од ЛП, Димитар Апасиев од Левица, Артан Груби од ДУИ, Идриз Орана од ДПА, Павле Трајанов кој ја предводи листата на Коалиција за промени и правда, Ден Дончев кој е носител на листата на Коалиција „ВМРО за Македонија“, како и со Зеќирија Ибрахими од НДП и Беса.

Во втората изборна единица, Никола Тодоров ќе се бори против Оливер Спасовски (СДСМ), Јове Кекеновски (Коалиција за промени и правда), Љупчо Балковски (Коалиција „ВМРО за Македонија“), Кире Бузлиев (ЛП), Трајче Стојанов (Левица), Ејуп Халими (ДУИ), Орхан Ибраими (ДПА) и Африм Гаши (НДП и Беса).

Илија Димовски е адутот на Коалиција за подобра Македонија за третата изборна единица, каде носители на листи се и Љупчо Николовски од СДСМ, Данчо Марковски од Либерална партија, Марија Џонс од Левица, Нафи Дурмиши од ДУИ, Самир Рушити од ДПА, Весна Стојменовска од Коалиција за промени и правда и Стојанче Ангелов од Коалиција „ВМРО за Македонија“.

Во четворката, покрај Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, носители на листите се и Даница Јованова од Либерална партија, Митко Николов од Левица, Артин Спахиу од ДУИ, Слободан Богоевски од Коалиција за промени и правда, Љубчо Георгиевски од Коалиција „ВМРО за Македонија“ и Јанко Бачев од Народно движење за Македонија. Бачев претходно беше најавен како носител на листа во втората ИЕ, но се одлучиле да направат измени за да ги си измери силите со Заев, Груевски и со Георгиевски.

Во петката Антонио Милошоски од Коалиција за подобра Македонија како противкандидати ќе ги има Радмила Шекеринска од СДСМ, Александар Делов од Коалиција за промени и правда, Љубе Бошкоски од Коалиција „ВМРО за Македонија“,Кице Мицковски од Либерална партија, Здравко Савески од Левица, Агим Шаќири од ДУИ, Адријан Усеини од ДПА и Арбен Лабеништи од НДП и Беса.

За последната шеста изборна единица, Коалицијата за подобра Македонија го избра Влатко Ѓорчев, кој како противници ги има Петре Шилегов од СДСМ, Бранко Мајсторовски Либерална партија, Билал Касами од НДП и Беса, како и лидерите на двете најголеми албански партии, Али Ахмети од ДУИ и Мендух Тачи од ДПА.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека во седмата изборна единица, односно од дијаспората, носител на нивната листа ќе биде Рамазан Мифтароски, кој потекнува од Могорче, Дебарско.

-Носител на листа во ИЕ број 7 е Рамазам Мифтароски од Венеција, по потекло од Могорче, Дебарско – изјави вечерва Илија Димовски, при поднесувањето на листите во ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...