fbpx

Груевски од Тетово: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи затоа што има квалитетна и реална програма

-

Победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите на 11 декември е јасна бидејќи произлегува од сиот минат труд и од квалитетот и од реалноста на новата програма на партијата и на коалицијата, порача лидерот на владејачката партија и носител на листа во изборната единица 4, Никола Груевски, на вечерашниот митинг во Тетово.

– Победата е изработена со сите проекти и дела кои ги ветивме и ги исполнивме. Изработена е со повеќе од 160.000 нови работни места… Таа победа доаѓа и од квалитетот и од реалноста на новата програма „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата, од повеќе од 500 страници долго подготвувани, обмислени, реални проекти, со рокови за нов напредок на сите граѓани на Република Македонија – рече Груевски.

Тој повторно порача дека најсилната гаранција за завршување на кризата е во добивањето на 63 пратенички места за ВМРО-ДПМНЕ. Груевски и од Тетово го обвини лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, дека ги распродава државните и националните интереси на Македонија.

– Да престанат да веруваат дека премиер може да те намести некој од надвор, затоа што во секоја држава во Европа, во секоја демократска држава се станува премиер ако народот те избере…СДСМ ќе претрпи десетти по ред пораз, затоа што го потценува народот со лажни и нереални ветувања – истакна Груевски.

Пред насобраните граѓани во Тетово говореше и носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица, Влатко Ѓорчев, која повика на одбрана на унитарноста на Македонија.

– Во Тетово граѓаните имаат јасен избор и ќе можат да гласаат за личност која силно ќе ги брани државните интереси, ќе стои зад технолошки индустриската зона и многу други проекти – рече Ѓорчев.

Претходно вечерва, ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата одржаа митинг и во Гостивар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...