fbpx

Груевски од Штип: Продолжуваме и никој нема да нè запре

-

Владејачката ВРМО-ДПМНЕ денеска го одржа народниот собир во Штип, на кој лидерот на партијата, Никола Груевски, покрај ретроспективата на реализираните инфраструктирни и економски проекти и најавата за нови, упати порака до опозицијата дека „колку и да се мачат“ со нивните сценарија за доаѓање на власт и да „одработуваат за странската служба“, тие ќе продолжат со проектите и никој нема да ги запре.

– Не само што се градат три, туку ќе се гради и четврти автопат Кичево – Гостивар. Тоа го правиме и ќе го правиме и никој нема да нè запре. Никој нема да нè запре. Знаеме ние дека тоа им е целта и дека тоа ги боли, затоа што одиме напред, зашто се градат фабрики. Тоа не им чини. Прокетите ќе продолжат и има сè поголем број инвеститори – рече Груевски.

Тој го обвини лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кого во најголем дел од обраќањето го ословуваше со „овој од опозицијата“, дека откако со неговите соработници увидел дека „бомбите“ што ги објавува имаат мал одзив во јавноста, планира инсценирање меѓуетнички тензии.

– Мора сите да бидеме максимално присебни и да не дозволиме да го направат финалето за кое оваа нивна операција е измислена. Да не дозволиме да нè закрват ниту по политички ниту по верски и етнички линии. Тука мора сите заедно да помогнеме во тоа. Да се разговара со нашите соседи, пријатели, со сите наши сограѓани, да не дозволиме да успеат во сценариото што тие го исконструирале. Институциите ќе направат максимум такво нешто да не се случи и стабилноста да опстои – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На денешниот собир, меѓу другото, Груевски најави и зголемување на платите на униформираните службеници во МВР и нивно усогласување со платите на униформираните службеници во Царината, во период од април 2015 до декември 2017 година.

– Вкупното зголемување на платите за периодот април 2015 – декември 2017 ќе изнесува од 15 до 20 отсто, односно по околу 3.000 денари по работник месечно. Мерката почнува да се применува веднаш, односно со исплатата на платата за април 2015 година, што ќе се исплати во мај. Платите што ќе се исплатат во мај ќе бидат повисоки од исплатените во април за околу четири-пет осто, зависно од почетната основа. Благодарност до македонската полиција. Ние сме должни кон нив и благодарни за тоа што го прават. Нека им е аирлија! – рече Груевски.

Пред Груевски, на собирот кој, како и предходните, беше збогатен со културно-уметничка програма, се обратија претеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

Пешевски во своето обраќање истакна дека опозицијата со последните „бомби“, за ситен политички ќар, ги нарушува односите со Кина, која се покажа како старетегиски партнер од доверба на Македонија.

– Тоа Македонија може да ја чини многу. Да испратиме порака до оние кои сакаат да ја видат Македонија на колена. Да им кажеме дека тоа нема да се случи – рече Пешевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...