fbpx

Груевски од Прилеп: Си ги знаеме маните, но ваков СДСМ не ни е алтернатива

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, денеска се обрати на народниот собир што ВМРО-ДПМНЕ го организираше во Прилеп. Груевски на почетокот од говорот истакна дека градоначалникот Марјан Ристески во соработка со министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, сработил повеќе од 400 проекти во овој град.

Пред насобраните граѓани потоа говореше за лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за кого кажа дека сака да ѝ наштети на Македонија и на нејзиниот интегритет.

– Сакаат на ваков подмолен кукавички начин, со, како што и самите признаа, креирани, сечени материјали, преку невистини и лажни контексти во кои ги најавуваат своите прес-конференции, преку соработка со структури кои не ѝ сакаат добро на Македонија, да ни наштетат лично и на нашиот кредибилитет и интегритет, мислејќи дека на таков начин ќе добијат поддршка од граѓаните – истакна Груевски.

Во однос на предложената амнестија од Љубчо Георгиевски, Груевски смета дека Георгиевски конкретно мислел за амнестија на Заев.

– Го гледате ли како овој лик, што на моменти мисли дека е месија, како во контекст на оваа драмолетка што ја тераа со амнестијата му се пушти на Љубчо Георгиевски? А човеков побара јавно амнестија за Заев и за неговите соработници и ништо повеќе. Но, Заев дали не дочул, дали не доразбрал, зашто и тоа е можно, веднаш му се закани на Љубчо дека ќе објавел нешто и за него – изјави тој.

Груевски го обвини Заев дека, наводно, спроведувал политики, како што кажа, „на колумнисти и на платеници на Сорос“. Во однос на повикувањето на Заев на незадоволните граѓани на улица, тој истакна дека нема да дозволат да се наруши безбедноста на државата и на граѓаните.

Тој вели дека тие си ги знаат маните и грешките, но, според него, граѓаните знаат дека СДСМ со ваков начин на однесување и со овој кадар, нема да биде соодветна алтернатива на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“.

Премиерот даде осврт и на владините политики за поддршка на земјоделците, лозарите, тутунарите и истакна дека разликата меѓу нив и СДСМ е што тие ги субвенционираат овие гранки, а опозициската партија останала само на ветувања. И, како што истакна, делата и сработеното биле тие по што се разликувале од опозицијата и му порача на народот да верува во тоа.

Груевски ја обвини опозицијата дека немајќи идеи и проекти, својата немоќ ја прекрива со превезот на теми за демократија и за слободи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...