fbpx

Груевски од Охрид: На 15 октомври ќе има референдум за новата ера во Македонија

-

На 15 октомври ќе имаме локални избори, но истовремено и референдум за новата ера и за новото утро што доаѓа за Македонија, кое никој не може да го задржи, зад кое стои овој народ и луѓето кои веќе направија споредби, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот митинг што се одржа во Охрид од каде Коалицијата за подобра Македонија ја почна изборната кампања.

– Целиот народ има единствена можност на 15 октомври да каже што мисли за она што ѝ се случува на Македонија, за хаосот, за безредието, за неспособноста, за лажењето, за неисполнувањето на ветеното, за манипулирањето, за хајките, за злоупотребите од новата власт, за договорот со Бугарија, за неуставните закони со кои се манипулира, за криминалите и за тендерите на газдите во владата, за беснеењето, за начинот како наумиле да се реши името, за колапсот на економијата, за начинот како избраа претседател на Собранието на Република Македонија и како избраа влада, за одењето спротивно на волјата на народот, за потценувањето на нашата, на вашата интелегенција и интегритетот, за новосоздадениот хаос во здравството, безидејноста и незаинтересираноста за решавањето на проблемите, за помрачувањето кое ѝ се случи на Македонија. Ќе се изберат градоаначалници и советници, но народот ќе го каже своето мислење за сето она што ѝ се случува на Македонија – рече Груевски.

Тој рече дека направиле анализи за тоа каде биле нивните слабости и пропусти и како да ги коригираат, да направат кадровско освежување во раководството, да ја зацврстат партијата како народна и конзервативна партија, и како граѓанска десница.

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски, рече дека во оваа трка влегува со чисто срце и душа, без валкани раце, со чисто досие и чист образ, без афери и без ниту една црна дамка во својата професионална кариера.

– Сега пред вас одговорно тврдам дека како иден градоначалник на Охрид најсовесно ќе ја извршувам својата обврска и должност кон граѓаните. Имам визија и мисија како Охрид да продолжи со нови проекти и да го усовршува вистинскиот и европски и современ лик. Околу мене има тим советници докажани во својата бранша, полни со знаење, ентузијазам и со вистинска љубов кон Охрид и кон охриѓани. Стратегиските цели на јасно дефинираната програма ќе бидат: работа за сите, економски пораст и развој на Охрид, создавање нови работни места и намалување на стапката на невработеност и унапредување на туризмот и на меѓународна соработка на градот – рече Тилевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...