fbpx

Груевски од амбасадорите и од ОДИХР побарал услови за фер избори

-

На средба со амбасадорите на земји членки на ЕУ во Македонија и со претставници на ОБСЕ/ОДИХР, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и членови на извршниот комитет на партијата, побарале „Владата активно да се ангажира за создавање демократски амбиент за одржување на локалните избори“, соопшти партијата.

„Беше изразена силна загриженост од првичните обиди да се заплашуваат гласачи и да се поткупува гласот од страна на СДСМ. Се побара да се создадат сите услови за фер и демократски избори“, се вели во соопштението.

Притоа лидерот на партијата изразил загриженост за евроинтеграциите и за економската ситуација во земјава.

„Груевски истакна дека стратешки приоритет на Република Македонија преставува членството во Европската Унија и за тоа е многу важна поддршката од европските пријатели за придвижување на процесите. Во изминатиот период освен декларативна заложба на Владата, немаше никаков суштински продонес за напредок на полето на интеграциите. Беше изразена загриженост поради негативните трендови во економијата, која придонесува за слабеење на стандардот на граѓаните“, стои во партиското соопштение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...