fbpx

Груевски: Нека летаат, нека глумат радост, јас сум спокоен

-

Премиерот Никола Груевски во првото интервју по потпишувањето на договорот од Пржино вели дека е многу задоволен од тоа што се постигнал овој договор, затоа што ставил точка на еден лош период за државата и на лош период за економијата.

Груевски во интервјуто за „Нетпрес“ вели дека овој договор обезбедува напредок за државата и да останат евроатлантските и европските перспективи за земјата.

– Ние веќе работиме. И додека не беше решена кризата, ние веќе бевме посветени на решавање на прашањата што беа отворени од извештајот на Европската комсија, кои ни беа посочени. Значи, не седевме, не чекавме СДСМ да ескалираат со нивното однесување, да се врати во работните групи – вели премиерот како одговор на прашањето дали кризата влијалела на текот на реформите.

Тој и понатаму очекува одредени блокади од опозицијата.

– Тие веројатно повторно ќе се обидуваат да креираат некакви помали тензии или поголеми тензии бидејќи друго и не знаат нешто посебно да работат, тоа е стилот на нивното работење, тие секогаш се обдидувале преку создавање некаква криза да дојдат на власт, да се доберат до власта. Така што ние не треба да бидеме изненадени ако и понатаму, можеби не од ваков голем калибар, но некој помал калибар, се обидуваат да го дефокусираат нашето внимание, да се оттргнеме од секојдневните проекти, да ја намалиме динамиката на тие проекти, но ние сето тоа внимателно ќе го следиме, ќе го менаџираме и нема да дозволиме така лесно да нè оттргнат од зацртаниот пат на решавање на проблемите на граѓаните – изјави Груевски.

Според него, конечниот суд ќе го кажат граѓаните на 24 април.

– Тие ќе го дадат својот суд за сето ова што им се правеше на државата и на целиот народ, бидејќи народот е заложник во сиот овој период. Тие нè знаат и нас и ние нив, ме знаат и мене во сиот овој период и во добри времиња и во тешки времиња. И народот ќе си го каже своето. Нека летаат сега, нека глумат радост, нека глумат еуфорија. Ќе дојде време, работите ќе си дојдат на свое место – смета премиерот.

Тој вели дека иако имало одредени слабости во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сепак, за среќа, немало стратешки грешки.

– Народот знае сè добро да си го стави на кантар и кога ќе дојдат изборите, да го направи чекорот што треба да го направи. Така што смирен сум и спокоен затоа што знам дека имаме народ што знае да одбере подобра програма и подобар тим – заклучува Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...