fbpx

Груевски не се појави на суд, одложено рочиштето за „Шамари“

-

Денешното рочиште од судскиот процес за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година повторно се одложи, бидејќи во судницата не се појавија поранешниот премиер и актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и другите 13 обвинети во случајот што го отвори СЈО.

На рочиштето повторно дојде до мала расправија помеѓу обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, и судијката Татјана Михајлова.

Фетаи побара од судијката да каже зошто не ја доставува видеоснимката од рочиштето што се одржа на 16 декември минатата година, за да може СЈО да поведе постапка против Михајлова.

– Снимката од рочиштето одржано 22 февруари 2017 г. беше експресно доставена до Советот на јавни обвинители, а од друга страна снимката од претходното рочиште и покрај неколку дописи од наша страна, сè уште ја немаме добиено. Ве замолувам да имате доблест да ни ја доставите снимката за да може и ние да поведеме постапка за Ваша одговорност – рече Фетаи.

Михајлова ја опомена Фетаи да не се меша при внесувањето на нејзината изјава во записникот од рочиштето. Фетаи, исто така, праша зошто денеска не се дојдени обвинетите, на што Михајлова одговори дека тие биле уредно поканети, но таа не добила никакво известување дека нема да дојдат на денешната расправа.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, дофрли дека судот може и присилно да ги донесе обвинетите.

Адвокатот на Груевски, Никола Додевски, за медиумите рече дека неговите клиенти не се појавиле бидејќи има решение со кое Советот на јавни обвинители бара да бидат назначени нови обвинители во случајот, а за што сè уште не било одлучено, па, според него, нема услови за продолжување на рочиштето.

На прашање дали со ова повторно се одолжува судскиот процес, Јанева одговори дека во моментот се концентрирани на нивните предмети и на подготвување на извештајот на СЈО кој треба да биде презентиран на 15 март и доставен до Собранието и до Советот на јавни обвинители.

Следното рочиште судијката Михајлова го закажа за 3 мај во 10 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...