fbpx

Груевски: Не го оправдувам ниту Неделковски, ниту нелегалното поставување плоча на Кајмакчалан

-

„Во врска со настаните со спомен-плочата на Кајмакчалан, не можам да го оправдам ниту нелегалното поставување спомен-плоча од војници од друга држава, кои нелегално ја поминале границата и нелегално поставиле спомен-плоча во Македонија, ниту, пак, начинот на кој новинарот Миленко Неделковски решил индивидуално и со чин кој генерира негативна енергија и омраза да се справи со тој акт“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот фејсбук-профил.

„Доколку Србија има своја спомен-плоча на таа локација, не гледам причина, ако и Бугарија побара на легален начин поставување на нивна таква плоча, да не се дозволи. Двете држави се наши соседи со кои имаме многу испреплетени истории и не постои причина да бидат различно третирани кога станува збор за поставување меморијални обележја од ваков тип, особено затоа што се надвор од населени места и никому не можат да пречат. Затоа мислам дека проблемот требаше и треба да се решава институционално, а не на начин што ќе создаде проблеми, гнев, омраза и меѓусебни обвинувања“, пишува Груевски.

Тој вели дека освен што Република Македонија треба да дозволи по институционален пат Република Бугарија да постави своја плоча на тоа место, доколку тоа го побара, потребно е и нашата држава на најзначајните такви точки да постави и свои државни обележја.

„Тоа се можеби пет-шест места, главно надвор од населени места, кои треба да се одбележани независно што тие битки биле во време пред раѓањето на нашата држава Република Македонија. Најмалку затоа што во сите тие битки гинеле и многу Македонци, многу наши предци и многупати судбината се поигрувала со нив, соочувајќи браќа Македонци од двете страни на фронтот еден против друг“, стои во фејсбук-објавата.

Груевски вели дека Бугарија е наш сосед со кој имаме многу заеднички работи низ историјата и треба да се трудиме историјата да нè зближува, а не да нè оддалечува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...