fbpx

Груевски не ги признава изборите и бара нови предвремени парламентарни избори

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва соопшти дека партијата не ги признава локалните избори, кои минале со бројни нерегуларности, со обиди за правење „бугарски воз“, притисоци врз земјоделците и врз администрацијата.

– ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори и никогаш нема да ги смета за фер и демократски. Покрај тоа што не ги признаваме, бараме итно враќање на демократијата во земјата, организирање на предвремени парламентарни избори согласно пржинскиот модел, организирани од техничка влада – рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, побара смена на директорот на ААВМУ, оставка на претседателот на ДИК, истрага и вештачење на уредите за преслушување на УБК, завршување на судењето за случајот за „Поткуп“, формирање на специјално јавно обвинителство кое ќе спроведе истрага на изборните нерегуларности од изборите од 2016 и 2017 година, како и ослободување на сите лица кои се товарат за случувањата од 27 април.

Груевски рече дека целата изборна кампања била во знакот на организирање криминални избори, односно дека СДСМ уште пред изборите им вршел притисок на потенцијалните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, но и со поднесување кривични пријави кон актуелните градоначалници кои се борат за уште еден мандат. Тој истакна дека во текот на денешниот ден се забележани случаи во кои полицијата не само што не реагирала, туку некаде и агитирала.

– Имаше огромен молк од полицијата, која е активен соучесник во кршењето на изборниот процес. Рано утринава изборниот процес почна со кршењето на изборниот молк, со фрлање летоци во општина Кисела Вода и Гази Баба. Полицијата е верен чувар на активистите кои ги делат летоците – изјави Груевски, додавајќи дека Зоре Темелковски, татко на кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, отворено се заканувал дека сега биле на власт и дека можеле да избркаат од работа стотина лица, особено во Драчево.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...