fbpx

Груевски: Насилството не е решение, потребно е смирување на страстите

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по денешната тензична атмосфера во Собранието, при што неколку пратеници беа повредени откако демонстрантите од т.н. иницијатива „За заедничка Македонија“ влегоа во законодавниот дом, преку својот профил на „Фејсбук“ повика на присебност и додаде дека насилството не е решение.

„Насилството не е решение и потребно е смирување на страстите. Повикувам на присебност. Народот да не подлегнува на провокациите на СДС и на тие што сакаат да ја турнат државата во уште подлабока криза и да го исполнат нивното сценарио. Потребно е смирување на страстите. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на овие антидржвани постапки на СДС преку правни и политички демократски средства“, напиша Груевски на „Фејсбук“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...