fbpx

Груевски најави референдумско гласање на изборите на 5 јуни

-

По долги консултации и анализи одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за поместување на изборите од 24 април на 5 јуни беше со цел не за да го задоволиме СДСМ, туку за да не бидеме погрешно разбрани од нашите граѓани и од оние кои не сакаат Македонија да оди напред, рече вечерва на прес-конференција претседателот на владејачката партија, Никола Груевски.

Груевски рече дека на интензивните состаноци со претставниците на Европската унија и на САД биле уверени во четири работи.

– Бевме уверени дека ова е единственото пролонгирање на изборите и дека нема да се бара ново одложување во било која форма. Дека до изборите на 5 јуни нема да има преговори бидејќи и тие веруваат дека ДИК ќе има доволно време да го прочисти избирачкиот список. Трето, дека нема да има нови услови, вклучувајќи го и законот за медиуми. Четврто добивме уверување дека нема да има нови проценки од САД и ЕУ дали земјата е подготвена за избори – рече Груевски.

Тој додаде дека деновиве добиле цврсто уверување од ДУИ дека цврсто стојат зад тоа да има избори на 5 јуни – со или без СДСМ.

– Државата не може да биде заложник на една политичка партија, во случајот СДСМ. Со ова поместување им даваме и последна шанса на СДСМ, да излезат на изборите и да го погледнат во очи народот, на кого му ја наметнаа оваа политичка криза. Само со излегување на изборите се добива легитимитет и доверба од граѓаните и никако поинаку. До 5 јуни можете да зборите и да глумите се, па дури и победници. На 5 јуни ќе се срамите од самите себе  – рече Груевски.

Според Груевски, одговор на прашањето кој е посилен, а кој е послаб ќе има на 5 јуни, за кога најави „референдумско гласање“ и го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев да излезе на избори и да се соочи со народот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...