fbpx

Груевски најави конкретен одговор за „бомбата“

-

Премиерот Никола Груевски денеска не сакаше да ги коментира наводите од снимките и обвинувањата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека токму премиерот е еден од налогодавците за прислушување на телефонски разговори меѓу министри од неговиот кабинет, политичари, новинари, и најави дека во блиска иднина ќе излезе со поконкретни коментари во врска со овие случувања.

Груевски потсети на прес-конферецијата на која говореше за акцијата „Пуч“ и за неговите разговори со лидерот на опозицијата, но за снимките од „бомбата“ најави дека ќе даде поконкретен коментар во наредниот период.

– Во врска со овие работи веќе имав прес-конференција на која најавив дека претстои период во кој ќе има ваков вид на работи, затоа што предходно имав неколку средби, односно четири средби со Зоран Заев, на кои тој ме информираше дека во соработка со странски разузнавачки служби дошол до материјали што има намера да ги објавува доколку не му овозможиме техничка влада. Тоа не го прифатив како услов, односно го одбив и го замолив се што има и што сака да објави, слободно да го објави. Од тој апсект, засега не би коментирал нешто повеќе, но во наредниот период ќе излезам со поконкретни коментари – рече Груевски, како одговор на новинарско прашање во рамките на прес-конференцијата по средбата со неговиот српски колега, Александар Вучиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...