fbpx

Груевски најави 3.700 апарати за 100 здравствени установи за 33 милиони евра

-

Набавка на нова медицинска опрема за здравствените установи во секој град во земјава, во вкупна вредност од околу 33 милиони евра, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоцијата на проектот во областа на здравството во Музејот на македонската борба.

Тој истакна дека во секој град во земјава ќе набават нова медицинска опрема за секоја јавна здравствена установа, болница, здравствен дом, како и за болниците и за клиниките во Скопје.

– Станува збор за прецизен план за набавка на околу 3.700 апарати наменети за повеќе од 100 јавни здравствени установи во земјава, кои ќе бидат доопремени со најсовремена медицинска опрема. Кај дел од установите ќе се замени постојната постара и дотраена опрема со нова, а кај поголем дел од нив ќе обезбедиме опрема каква што претходно воопшто немало во установите за што е можно поголем број здравствени услуги да ги доближиме до местото на живеење на граѓаните – истакна Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека првпат во историјата ќе се набави нова хибридна сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија во вредност од 2 милиони евра.

– Со ваквата сала значително ќе се подобрат можностите за лекување на луѓето со срцеви болести и можностите за дејствување на кардиохирурзите, кои ќе можат да дејствуваат со голема прецизност и да реализираат широк спектар на оперативни зафати – додаде Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...