fbpx

Груевски на средбата со Хојт Ји: Нелегален е изборот на Џафери

-

Не го поддржуваме физичкото насилство, но во исто време го осудуваме политичкото насилство што го направи СДСМ врз институциите, деловникот, законите и Уставот, му порачале претставниците на ВМРО-ДПМНЕ на заменик-помошникот државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји.

На денешната средба во Клубот на пратениците беа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но и Никола Попоски, Никола Тодоров, Трајко Вељаноски, Владимир Ѓорчев и Александар Николоски.

На средбата ВМРО-ДПМНЕ ги соопштила ставовите за најновите случувања, политичката ситуација и за аспектите за излез од кризата.

Од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ било кажано дека за нив политичкото насилство врз Уставот, законите и деловникот од страна на СДСМ предизвикало гнев, а дополнителна провокација било и интонирањето на албанска химна во Собранието.

„Сето тоа заврши со нелегален обид за избор на претседател на Собранието надвор од сите  процедури, на веќе официјално завршена седница, без официјален записник, без стенограм, без право на збор на пратениците, надвор од деловникот за работа, законите и Уставот. Ваквиот преседан отвора лоша можност за да се повтори во иднина на незаконски начин ваквата процедура и да стане практика, што би претставувало суспендирање на правниот систем на државата. Во однос на дебатата во парламентот, беа користени сите законски и деловнички можности од страна на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија за искажување на ставовите и на позициите, низ парламентарната дебата, користејќи го максимумот на законот и тоа што го дава деловникот. ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со наметнување на тиранската платформа, која има многу спорни и контраверзни делови опасни за понатамошното функционирање на државата. Нејзиното создавање и прифаќање по одржаните декемвриски избори, за голем број граѓани претставува голема изборна измама. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека најдобар и најбрз начин да се излезе од политичката криза е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ за средбата со Хојт Ји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...