fbpx

Груевски: На овие избори помеѓу Заев и Македонија, одберете ја Македонија

-

„Единствените кои можат да го запрат продлабочувањето на кризата сте вие, народот на Македонија. Вие граѓаните сте единствените доволно храбри, кои можат да им се спротивстават“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на вечерашниот централен митинг на Коалицијата за подобра Македонија во Скопје.

– Стоиме исправени пред важна одлука која има референдумско значење. До овој момент дојдовме по тежок период на креирана криза. Јас сум свесен за ситуацијата во која нè турнаа, но и самите знаете, а и Бог ми е сведок дека работам по 15 часови, трудејќи се да го дадам максимумот. Дојде време за крај на кризата, овие избори се тој крај. Со огромно мнозинство кое ќе застане зад нашата коалицијата, кризата ќе се сведе на крај и ние ќе ја претвориме во можност. На овие избори помеѓу Заев и Македонија, одберете ја Македонија. Сакам да ви потенцирам дека има повеќе од 1.001 причина да не гласате за СДСМ, но ние не ве труеме со таква негативна кампања. За нас е важен сечиј глас и сечие мислење. Затоа се обраќаме до сите. Доаѓаат подобри времиња, главата горе и не заборавајте, ова е ваша земја – рече Груевски.

На митингот се обрати и Влатко Ѓорчев, носител на листа во изборна единица 6, кој им рече на граѓаните да ги земат пенкалата в раце и масовно да излезат на гласање на 11 декември.

– Пенкалата в раце, ова е референдум за Македонија. Масовно излегуваме на 11 декември. Браќа и сестри, за државата се работи. Ни требаат гласовите на неопределените и гласовите на членството на СДСМ за 63 пратеници за зачувување на Македонија – изјави Ѓорчев.

Пријатели на ВМРО-ДПМНЕ се премиерот на Унгарија, Виктор Урбан, и претседателот на САД, Доналд Трамп, рече носителот на кандидатската листа во петтата изборна единица, Антонио Милошоски, кој додаде дека на 11 декември ќе се види дека оваа држава раѓа повеќе херои отколку предавници.

Никола Попоски, носителот на листата во првата изборна единица, рече дека народот е најдобриот гарант за успех во претстојната борба.

– За ВМРО-ДПМНЕ власта не е предизвик ако не нуди можност за подобрување на состојбата на граѓаните. Не сме совршени ниту, пак, безгрешни. Ние сме луѓе од крв и од место. Но, секогаш сме го сакале најдоброто за нашата земја и за нашите граѓани. Она што сме го правеле било во договор со вас – рече Попоски.

На митингот се обратија и носителите на листите за втората и за третата изборна единица, Никола Тодоров и Илија Димовски, кои порачаа дека народот на овие избори ќе гласа против СДСМ, кој, како што рекоа, креира криза и деструкција.

На почетокот на митингот на присутните им се обрати министерот за надворешни работи и член на Австриската народна партија, Себастијан Курц, кој рече дека Македонија е на добар пат кон Европската Унија.

– Бегалската криза беше голем предизвик за Австрија. Многу сум ви благодарен што нè поддржавте во оваа тешка состојба за нас. Ви посакувам многу среќа и енергија во вашата изборна кампања. Особено ме радува што ме поканивте на оваа импресивна манифестација – рече Курц.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...