fbpx

Груевски на народниот собир 112 пати кажа „ќе“, 49 пати „Македонија“, а 39 пати „народ“

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето обраќање на народниот собир на владејачката партија во неделата, најчесто го употребуваше зборот „Македонија“ во говорот долг 15 страници.

Груевски кажа „Македонија“ 49 пати, „народ“, односно „народот“ – 39 пати, „проекти“ – 35 пати, опозициската партија СДСМ ја спомна 25 пати, „инвестиции“, односно „инвестиција“ изговорил 53 пати, а најупотребувана е честичката „ќе“ за формирање идно време, која Груевски ја употреби дури 112 пати.

Терминот „одговорност“ во говорот од 15 страници на поранешниот премиер се најде само еднаш, а „отчет“ ниту еднаш.

Термин Колку пати го изговори 

ќе

112

нов, нови,  ново,  нова,  новите

65

година, годинава, годината, години

55

инвестиција, инвестиции,  инвеститор,  инвеститори

53

Македонија

49

народ, народот

39

проект, проектот, проекти, проектите

35

држава, државата

26

избори, изборите

26

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...