fbpx

Груевски на „Фејсбук“: СДСМ со тиранската платформа прави изборна измама

-

Влада која ќе ја спроведува тиранската платформа направена и оформена во друга држава, не може да биде реформска, туку е антидржавна, а однесувањето на СДСМ е како да нема народ во државата или како тој воопшто да не е важен, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на својот профил на „Фејсбук“.

– Наспроти ова, улиците на градовите се преполни со народ кој протестира и изразува незадоволство што јасно укажува дека ваквите политики на СДСМ се осудени на неуспех. Недозволиво е за најклучните прашања во оваа држава поврзани со нејзините суштински обележја да не се праша народот и да се носат одлуки кои се предмет на неколкумина кои прават меѓупартиски договор, а не базирани на изборна програма одобрена од граѓаните на избори. Тоа се вика изборна измама. Доколку се оди по логиката на СДСМ, тогаш се губи суштината на одржување на избори. Ако може една или повеќе партии да носат суштински одлуки без да се прашаат граѓаните и ако мнозинството Македонци се испратат во опозиција, заради спроведување на таа изборна измама, тогаш демократијата се укинува. Нивниот прв чекор е голема изборна измама на народот – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски нагласува дека за ВМРО-ДПМНЕ единствениот реален и логичен излез од целокупната политичка криза се брзи избори кои ќе бидат референдум на граѓаните за иднината на државата и додава дека тие нема бидат нов трошок или губење време, бидејќи ќе се одржат заедно со локалните избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...