fbpx

Груевски на „Фејсбук“: Немам фаворит, нема да се мешам во изборот на делегатите

-

Довчерашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска порача дека нема намера да се меша во одлуките на делегатите на 16-от вонреден конгрес на партијата за избор на нов претседател на партијата, ниту ќе им сугерира имиња. Во обраќањето објавено на неговата официјална Фејсбук страница, Груевски вели дека сите имиња што во јавноста се споменуваат како можни кандидати за претседател се негови долгогодишни соработници, па планира да фаворизира некого.

„Имајќи предвид дека сите тие беа и сеуште се мои блиски соработници, јас не планирам „да застанам зад еден“, да фаворизирам еден, а на сметка на другите кандидати користејќи го моето влијание како долгогодишен Претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Изборот на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ треба да е демократски и да произлегува од длабоката верба кон таа личност на оние кои ќе гласаат и оние кои им ја делегираат таа привилегија – членовите на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во обраќањето.

Груевски исто така смета дека секој од можните кандидати чии имиња се споменуваат во медиумите досега има доволно искуство, знаење, визија и капацитет, доколку биде избран „со сигурност и убедливо да го победи СДСМ и Зоран Заев на следните избори, доколку има рамноправен терен за политичка борба, доколку останат доследни до своите принципи и декларирани ветувања и доколку ја задржат сопствената независност“.

Тој повика на фер борба, порачувајќи им на кандидатите да водат фер внатрепартиски политички натпревар и да внимаваат на достоинството и угледот на противкандидатите „ бидејќи изборот ќе заврши за дванаесет дена и потоа секој и е потребен на партијата независно дали како член на раководството, пратеник или било каков соработник или поддржувач со значително искуство и авторитет“, вели Груевски.

Тој вели дека во време кога многумина би сакале да ја видат ВМРО-ДПМНЕ поделена и раскарана, кандидатите за претседател, „а потоа и избраниот претседател имаат голема одговорност во однос на задржување на единството на партијата, а со тоа и нејзината сила, моќ и влијание“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...