fbpx

Груевски: Македонија останува посветена на членството во НАТО и во ЕУ

-

„Република Македонија останува конструктивен и активен актер во регионалната стабилност. Главната цел на Македонија останува членството во НАТО и во ЕУ“, истакна премиерот Никола Груевски на генералното собрание на Обединетите нации, кое од 28 септември до 3 септември се одржува во Њујорк.

– Сите реформи што се случуваат во Македонија се во тој дух. Без разлика на сите внатршнополитички случувања, не треба да има пречка за нашите напори. Едно прашање директно влијае врз мојата земја, а тоа е разликата на Грција, односно нејзиното противење на уставното име Република Македонија. Нашата позиција е добро позната и таа е во контекст на реалноста. Ние сме Македонци, говориме македонски јазик и живееме во држава која се вика Република Македонија. Одлуката на Меѓународниот суд на правдата треба да се почитува од сите членки на оваа организација, затоа што тој суд е организиран и е под покровителство на ОН. Во спротивно, довербата во ОН ќе опаѓа. Не е добро да се добие впечаток дека ОН стојат и се пречка на овој наш пат. Треба да најдеме решение како две пријателски земји, кои, освен овој, немаат други проблеми. Би сакал да ја повикам новата влада во Грција во духот на добрососедските односи да го решиме ова прашање како соседи, почитувајќи ја Привремената спогодба од 1995 година, која е под покровителство на оваа организација – рече Груевски.

Груевски рече дека во регионот има делумно нерешени билатерални прашања и тоа во мигови на големи глобални искушенија.

– Нашиот регион се соочува со два големи предизвици: кризата со мигрантите и аспирациите за поголем продор на ИД во Македонија, кои го сопираат економскиот напредок, но ги рушат и принципите на ОН. Денеска, не само мојата земја, туку целиот Балкан е соочен со илјадници бегалци. Од почетокот на оваа година, околу 200.000 луѓе, главно Сиријци, поминаа низ Македонија. Од наша страна, во согласност со принципите, ние ќе помогнеме за овие луѓе да најдат надеж за безбеден живот, без разлика на економскиот и на одржливиот аспект. Но, не можеме да го направиме тоа само ние. Треба поголем ангажман на Европската унија и на балканските земји за соработка на конкретни нивоа. Единствениот начин да ја решиме бегалската криза е Европа бргу да се сврти кон главната причина за нејзиното појавување, а тоа е враќањето на мирот во Сирија и во Ирак – рече Груевски.

Груевски истакна дека имајќи го предвид фактот што ниту еден генерален секретар не бил избран од Источна Европа, Македонија го поддржува предлогот на таа група.

– Македонија верува во Обединетите нации и во мултилатералноста во светот. Треба да важи политката на реципроцитет, а малите не треба да бидат на линија на огнот. Прнципите на секоја држава треба да бидат уважувани. Тие, пак, се даваат на властите на избори, а не преку уцени и игри. Демократијата извира од народот, кој треба да одлучува самостојно. ОН мора да продолжи во негувањето на тој принцип – заклучи Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...