fbpx

Груевски: Ќе ја промениме локацијата на собирот в понеделник

-

Нема да дозволиме насилство на протестот што ќе го организираме, истакна денеска премиерот Никола Груевски на гостувањето во дневникот на телевизија „Сител“.
– На разговорите во Клубот на пратениците пред некој ден, Никола Попоски го замоли Заев ако може в понеделник, тие што планира да ги остави во шатори, неколку часа да се дислоцираат, бидејќи ние таму го планиравме протестот – за да има споредба, колку народ ќе дојде да ја поддржи неговата криминална кауза, а колку ќе дојде на собирот за поддршка на Македонија. Тој одби и кажа дека нема да ги повлече луѓето поради што ќе ја промениме локацијата која дополнително ќе се соопшти. По тоа гледам дека Заев сака да дојде до судир, да има проблеми за во тој хаос што би се создал, кога би се судриле граѓани, да најде начин како да се извлече од сите незаконски, криминални работи што досега ги напарвил – истакна Груевски.

Груевски нагласи и дека очекува утрешните протести да бидат мирни и ненасилни. Но, доколку СДСМ направи каков било инцидент, ќе се реагира, рече, соодветно, во согласност со демократските принципи, Уставот и со законите.

Премиерот уште еднаш нагласи дека оставка нема да си даде зашто мандатот го добил на регуларни, фер и демократски избори и дека поддршката од народот никогаш нема да ја изневери.

– Оставка немам намера да поднесам ниту, пак, да прифатам преодна влада. Имам обврска да се справам со ова што го прави Заев, да се справам со ова и да најдам решение Македонија да оди напред. И ќе оди напред. Заев петпати ми кажа дека материјалите ги добил од странска разузнавачка служба, значи дека е свесен дека некој однадвор го креира ова сценарио. Јас да се повлечам, би било кукавички чин, јас ќе се соочам со нападот кон нас и заедно со народот да покажеме дека Македонија не може на ваков начин да биде нападната, Македонија покажува и ќе покаже цврстина – рече Груевски.

Тој истакна дека тројца функционери поднесоа оставка бидејќи немаат никаква вина и сакаат тоа да го докажат без свое присуство и влијание.

– Сега се соочуваме со материјалите во кои се гледа класично барање мито од страна на Заев на најмалку тројца луѓе. Тој не се повлекува од функцијата, а тоа јавно го побаравме од него. Еве, од Владата си заминаа луѓе без никаква вина, а тој не го прави тоа кога може да влијае врз сведоците и да го повтори делото. Да беше чист, ќе се повлечеше – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...