fbpx

ФТ за Груевски: Ќе ги прифати предлозите на опозицијата, но нема да се повлечe

-

Во анализата на „Фајненшл тајмс“ посветена на Македонија се вели дека премиерот Никола Груевски, е подготвен да ги прифати предлозите на опозицијата за распределба на клучните позиции во периодот до предвремените избори, но не прифаќа да се повлече од премиерската фунција. Во анализата се наведува дека Груевски во повеќе наврати потенцира дека нема намера да ја препушти премиерската функција.

„Со тоа (барањата за оставка) не се согласуваме. Само граѓаните имаат право да кажат кој треба да влезе во владата, а кој да биде во опозиција“, вели Груевски.

Груевски не ја исклучува, исто така, ниту можноста од промени во Државната изборна комисија за да добие поголеми овластувања.

„Подготвени сме да прифатиме многу идеи кои ќе ја зголемат довербата на опозицијата кон изборниот процес“, порачува Груевски.

„Ги поканувам набљудувачите на ОБСЕ и од секаде. Колку повеќе ќе дојдат, толку подобро за нас, бидејќи ќе видат дека сè ќе биде направено на фер и демократски начин“, вели Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...