Груевски, Јанакиески, Пешевски и Георгиевски денеска во Кривичен суд за „Траекторија“


       
Скопје, 14 февруари, 2018 - 9:56 (META) 

Во скопскиот Кривичен суд, денеска треба да се одржи рочиште за предметот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања.

Со тоа, според обвинителниот акт од СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра, односно овозможиле толкава корист за компанијата-изведувач.