fbpx

Груевски, Јанакиески и Пешевски на суд на 6 декември за случајот „Траекторија“

-

Кривичниот суд на 6 декември го закажа првото рочиште за случајот „Траекторија“ на СЈО, во кој обвинети се експремиерот Никола Груевски и ексминистрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, за злоупотреби при изградбата на автопатиштата Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Во случајот „Траекторија“, обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и дека му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да стекне имотна корист.

Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски во истиот предмет е обвинет за примање награда за противзаконско влијание.

Кривичниот суд закажа и два дополнителни датуми за ова судење – 18 и 26 декември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...