fbpx

Груевски ја утнал адресата, дека се откажува од иминутетот, ќе мора да му пише на Џафери

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија, Никола Груевски, за кого Специјалното јавно обвинителство бара да му биде одредена мерка притвор, како обвинет во случајот „Титаник“, во петокот минатата недела доставил известување за откажување од правото на имунитет до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, потврдија денеска од законодавниот дом.

Сепак, како што појаснуваат оттаму, Комисијата не е надлежна да постапува по ова известување.

„Согласно член 53 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата постапува по барање за одобрување на притвор, кое надлежниот орган (судот), го доставува до претседателот на Собранието на Република Македонија (Талат Џафери), по што барањето се доставува до Комисијата“, стои во соопштението од Собранието на Република Македонија.

Денеска се очекува судот да ги соопшти одлуките по барањата за притвор на Никола Груевски, Мартин Протогер, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Одлуките се веќе донесени, но како што информираа од судот ќе се чека тие да бидат напишани и доставени до странките, а потоа ќе бидат објавени во јавност.

Инаку, официјалната интернет-страница „Суд“, на која се објавуваат судските одлуки, денеска не функционира. Од Основниот суд Скопје 1, за „МКД“ изјавиле дека за интернет-страниците на судовите се надлежни од Врховниот суд, од каде, пак, соопштиле дека знаат за проблемот и дека се работи на негово отстранување. Како причина за проблемот со веб-страницата на Кривичниот суд го посочија прекинот на интернет-мрежата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...