fbpx

Груевски и Вајгл разговараа за евроинтеграциите

-

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл.

Соговорниците размениле мислења на повеќе теми од областа на европските интеграции на нашата земја и за реформите и за чекорите што се реализираат во насока на остварување на оваа стратегиска цел на државата.

Премиерот Груевски му посакал успех на Вајгл во остварувањето на работните ангажмани на оваа негова нова позиција и изразил посветеност за продолжување и за унапредување на досегашната успешна соработка во сите области од заеднички интерес. Тој се заблагодарил на поддршката на Европскиот парламент на реформите и европската агенда на Република Македонија и за поддршката на процесот за почнување на преговори за членство во Европска Унија.

Премиерот ја истакнал посветеноста на Владата за понатамошни реформи за унапредување на европските стандарди, за што, врз основа на препораките на Европската комисија, е подготвен посебен акциски план кој предвидува и реформи и мерки за понатамошно правно и институционално приближување кон Европска Унија.

Европратеникот Вајгл ја истакнал својата подготвеност за овозможување понатамошен придонес за поддршка на соработката и за реформските процеси во нашата земја, и од аспект на неговиот личен ангажман и од аспект на Европскиот парламент.

Соговорниците разговарале и за надворешно-политичките предизвици во процесот на европски интеграции, при што премиерот Груевски ја истакнал нашата посветеност и заложби за понатамошно унапредување на добрососедските односи и за регионалната соработка.

Станало збор и за понатамошното интензивирање и динамизирање на односите со Европскиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...