fbpx

Груевски и Мијалков барале од судот да им ги врати пасошите поради службени патувања

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, побарале од Кривичниот суд да им ги врати пасошите што им беа одземени како гаранција дека нема да побегнат од земјава поради обвиненијата што против нив ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, објави „Телевизија 24“.

Информациите за телевизијата ги потврдиле и адвокатите на Груевски и на Мијалков, според кои, не станувало збор за нешто ново туку за редовна судска пракса.

Тие бараат пасошите да им бидат вратени бидејќи им се потребни за службени патувања надвор од земјата, а како гаранција дека нема да бегаат ги предложиле нивните семејни статуси и бизнисите што ги имаат во Македонија.

Специјалното јавно обвинителство бараше од судот на Груевски да му одреди притвор, како првообвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности. Сепак, судот го одби барањето на СЈО и наместо притвор му ги одзеде пасошите (обичениот и дипломатскиот) и му наложи еднаш неделно да се јавува во судот.

Груевски неодамна изјави дека нема намера да бега, туку напротив, да се врати на власт.

Сашо Мијалков е обвинет во случајот „Таргет“ и се товари за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и примање награда за противзаконито влијание.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...