fbpx

Груевски: Екстерно тестирање нема да има, се разгледува воведување државен испит

-

Екстерно тестирање во високото образование не се планира и нема да има, туку она што се разгледува е воведување државен испит, рече премиерот Никола Груевски во вчерашното интервју за дневникот на телевизија „Сител“.

Како што појасни премиерот , државниот испит има цел да го унапреди квалитетот на високото образование и да се стави крај на давањето дипломи без студентот да покаже елементарно знаење.

– Ние сме цврсто решени да најдеме мерка со која што ќе се стави крај на давањето дипломи без елементарно знаење затоа што тоа е на штета на сите оние што учат и со знаење и со учење доаѓаат до диплома. Знаењето движи напред, а не дипломата – изјави е премиерот Груевски во дневникот на „Сител“.

Тој додава дека државниот испит, за да им се олесни на студентите, ќе биде поделен во два дела од кои првиот ќе се полага кога студентот ќе ги положи испитите од втора година и ќе содржи по неколку прашања од сите испити што ги положил. Премиерот појаснува дека резултатот од државниот испит нема да влијае на оценките што ги добил студентот во текот на студиите и ако на државниот добие поени за вкупна оценка шест, значи дека го положил.

– Нема да му се менува ниту оценка, нема да има ниту реперкусија за студентот ниту за професорот. Државата сака да се осигура дека студентите што завршуваат факултети навистина имаат барем минимално знаење за шестка. Дали добиле десетка, деветка, тоа нека го мери пазарот на труд. Ова не го правиме случајно, туку затоа што во изминатите десет, петнаесет, па и дваесет години се соочуваме со проблеми, затоа што на некои факултети и на некои универзитети се даваат оценки без знаење. Зошто и како, на јавноста ѝ е познато, тоа веќе не е тајна и ние не можеме да останеме рамнодушни на тоа – вели Груевски.

Првиот државен испит, ќе се спроведе во 2017 година, а ќе ги опфати студентите што ќе се запишат на студии следната учебна година, односно во септември догодина. Ќе се полага квартално, а оние студенти кои нема да положат првиот пат, ќе полагаат неограничено, сè додека не положат.

– Самиот испит ќе го спроведува Одборот за акредитација, а не државата, ниту МОН. Тој е составен главно од универзитетски професори и ќе биде спроведуван во државни испитни центри, односно специјални простории опремени со компјутери и сè што е потребно за испитот да се полага. Писмените резултати ќе ги имаат веднаш штом го одговорат последното прашање – додава Груевски.

За студентите, кои минаната недела излегоа на протести против планираните мерки во високото образование, премиерот рече дека не знае зошто протестираат бидејќи нив не може да ги опфати државниот испит.

Изнесувањето на студентите на улица, Груевски вели дека е политика на опозициските партии, а за протестите минатата недела вели дека, според нивни информации, СДСМ бил силно фокусиран да излезат студентите на протести и ги поттикнувал професорите на некои факултети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...