fbpx

Груевски, добитник на највисокото признание на Штип, „Свети Никола“

-

Највисокото признание на празникот на Штип, „Свети Никола“, ќе биде доделено на премиерот Никола Груевски. Ова го соопшти градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, на денешната седница на Советот, кој образложи дека одренот се доделува на „високи личности, заслужни за градот“.

-Кога ќе тргнете од Штип кон Велес, ќе видите какво градилиште е. Штип и Источна Македонија ќе добијат експресен пат кон Кочани. За ова е заслужен премиерот Никола Груевски – рече Захариев.

На Свети Никола, Штип ќе го добие и Музејот на ВМРО, со восочни фигури на штипјани од раководството на тогашната Внатрешна македонска револуционерна организација. Единаесет восочни фигури ќе бидат сместени во куќата на Андонци во Ново Село, која сега се реконструира. Покрај восочната фигура на Гоце Делчев, ќе бидат и фигурите на Ванчо Михајлов, Тодор Александров и на Мише Развигоров.

За адаптација на куќата на Андонци во музеј, државата обезбеди 90.000 евра. Во овој износ не е пресметана изработката на восочните фигури. Изработката на една восочна фигура, во зависност од големината и од квалитетот, чини околу 150.000 долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...