fbpx

Груевски: Декласификацијата на субвенциите на странските инвеститори е штетна

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска на прес-конференција во партиското седиште ја критикуваше новата влада дека не постигнала никаков резултат со странски инвестиции, ниту има нови работни места кои се резултат на такви инвестиции.

Груевски смета дека министрите во владата задолжени за привлекување инвестиции се првиот многу загрижувачки сигнал.

– Прво, на местото на поранешните министри што ги донесовме од врвни мултинационални компании од Америка и од Европа се назначија министри кои немаат ниту еден осто меѓународно искуство и знаење како нивното во привлекувањето и во менаџирањето со крупни странски компании кои се барани насекаде во светот. Второ, Владата ги повлече сите 33 инвестициски промотори од Европа, од Америка и од Азија, прогласувајќи ги за непотребни и за трошок – изјави Груевски.

Тој ја критикуваше и одлуката на Владата Македонија во иднина да не се рекламира на „Си-ен-ен“ како инвестициска дестинација и ја оцени како штетна одлуката за декласификација и за објавување на субвенциите што се даваат на странските инвеститори.

– Ова е потег што ќе влијае на потенцијалните инвеститори и на нивните намери да дојдат во земјава да инвестираат. Најавеното објавување еден вид официјално објавен ценовник за државната помош, како и да го наречат тоа, во реалноста ќе резултира со многу загубени битки во однос на привлекување компании од странство да отворат нови работни места во Македонија. Овие чекори отвораат прашања дали воопшто новата влада сака да привлече странски компании да отвораат нови работни места во Македонија – додаде Груевски.

Според него, новата влада видливо го има занемарено сегментот на странски инвестиции и нагласи дека тоа не е добро за државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...