fbpx

Груевски и Богов предупредуваат за „вознемиреност“ кај инвеститорите и кај компаниите

-

На синоќешниот собир „Македонија силна“, премиерот Никола Груевски истакна дека иако досега немаше посериозни штети за економијата, психолошката состојба по терористичкиот напад, како и изјавите на Заев дека „ќе паѓало крв“, почнале да ѝ прават проблем на македонската економија, особено во делот на извозот.

– Се јави и вознемиреност кај странските инвеститори, исто како и кај домашните, но компаниите не треба да се плашат. Имаат пријателски настроена влада, која ги разбира и континуирано им помага и ќе продолжи да го прави тоа – подвлече Груевски.

И според гувернерот Димитар Богов, негативното влијание на политичката криза би се почувствувало во одложување на инвестиците, како на домашните, така и на странските компании, што ќе оневозможи нови работни места и пораст на платите.

– Вообичаено, инвеститорите се многу чувствителни на неизвесност. Ним им треба сигурност, стабилност, извесност – изјави Богов.

Според извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, Митко Алексов, бизнис-секторот почна да ги чувствува негативните ефекти од тоа што се случува во земјава.

– Нестабилноста директно влијае врз бизнис-секторот. Особено кај компаниите што планирале инвестиции и развој, можно е да дојде до преиспитување на претходно донесените одлуки. Евидентно е намалување во делот на личната потрошувачка. Постојат индикации во одредени сектори за откажување на нарачките и за преиспитување на обемот за следниот период – смета Алексов.

Дали кризата влијае врз економијата, ќе се знае во јуни или јули, кога ќе се добијат податоците за движењата во економијата во април и во мај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...