fbpx

Груевски апелира на 15 октомври да има и локални и парламентарни избори

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска потврди дека политичките партии се договориле локалните избори да се одржат на 15 октомври годинава и уште еднаш апелираше заедно со нив да се одржат и нови предвремени парламентарни избори.

– Верувам дека работите ќе се одвиваат во добар правец, 15 октомври е најблискиот рок што СДСМ можеше да го прифати во тие разговори и се надевам дека ВМРО-ДПМНЕ, како победничка партија на овие парламентарни избори, ќе излезе повторно победничка и на овие локални избори. Уште еднаш апелирам за организирање предвремени парламентарни избори истиот ден, на 15 октомври – рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања, за време на денешната посета на Општина Кисела Вода.

Тој истакна оти се надева дека од СДСМ овојпат нема да променат нешто во датумот и да бараат причини за одложување.

– Јас се надевам дека од СДСМ овојпат нема да променат или да отстапат од нешто, како што знаеја тоа често да го прават во минатото, кога ќе видеа дека губат, па да одложуваат, да бараат причини, алиби. Се надевам дека ќе размислат уште еднаш за предвремени парламентарни избори, што беше и останува наше барање, со што ќе се разјаснат многу работи на македонската политичка сцена, што се случија по изборите и со што ќе се даде можност на граѓаните да го кажат својот став за тоа што го правеа и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во периодот по изборите – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...