Груби – Ромео: За ниту еден закон не е дебатирано повеќе и подолго од Законот за јазиците


       
Скопје, 12 март, 2018 - 16:39 (META) 

Ниту еден друг закон не е дебатиран повеќе и подолго од Законот за употреба на јазиците и затоа дојде време да се затвори ова прашање деновиве, со што успешно ќе го заокружиме нормативниот дел на Охридскиот договор, рекол претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби на средбата со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео.

„Истата храброст во решавање на прашањата треба заеднички да ја демонстрираме и со спорот со името“, изјавил Груби.

На средбата, Груби и Ромео разговарале за актуелните настани, при што истакнале дека во земјата приоритет се ЕУ-реформите, кои се неопходни за отстранување на условената препорака за давање датум за почеток на преговорите за ЕУ-членство, во претстојниот годишен извештај на Европската комисија во април.