fbpx

Груби – Павлова: Датумот за почетокот на преговори е следниот предизвик

-

Бугарија ќе вложи напори за повеќе инфраструктурни, енергетски и други проекти за приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ на претстојниот Самит на шефови на држави во Софија на 17 мај, истакнала бугарската министерка за регионален развој Лилиана Павлова на средбата со претседателот на собраниска Комисија за европски прашања Артан Груби во Софија.

Како што соопштија од собраниската Комисија, Груби изразил благодарност што за време на првото претседателство на Бугарија со Советот на ЕУ беше ставена како приоритет темата како да се убеди Брисел и сите земји-членки на Унијата дека проширувањето на Унијата со земјите од Југо-источна Европа мора да продолжи како проект. Според него, мирот, спокојството, стабилноста и иднината на Европа минуваат низ Западниот Балкан, европскиот проект нема да биде завршен без нив.

– Датумот за почеток на преговорите е нашиот следен предизвик. Република Македонија во периодот што следи ќе продолжи со реформите и со зајакнувањето на напорите за решавање на сите отворени прашања се до крајната наша цел, интегрирани во ЕУ и НАТО – рече Груби.

Според Павлова, поблиската соработка со земјите од Западен Балкан, вклучително во безбедноста и миграцијата, е клучна за мирот и стабилноста во ЕУ.

– Ќе ве поддржиме со инвестициски проекти, така што ќе се чувствувате како дел од европското семејство. Ова е европската перспектива за која зборуваме – рече Павлова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...