fbpx

Груби на конференција во Софија за бугарското претседавање со ЕУ

-

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, од 20 до 22 јануари 2018 година, ќе учествува на конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки и на земјите-кандидати за членство во Европската Унија – КОСАК, во Софија, Бугарија.

На конференцијата, како што информираат кабинетот на Груби, ќе стане збор за програмата и приоритетите на бугарското претседателство со Европската Унија во првата половина од 2018 година, за што свое обраќање ќе има министерката за бугарското претседателство со Советот на ЕУ, Лилјана Павлова. Во рамките на конференцијата е предвидена и сесија на која ќе се расправа за иднината на Европската Унија од аспект на глобалната улога на ЕУ.

„На конференцијата, Груби ќе има свое обраќање пред високиот форум на претставници од сите национални парламенти на Европската Унија каде што ќе говори за високиот приоритет на бугарското претседателство, посветен на европската перспектива на Западниот Балкан во ЕУ. За време на конференцијата, Груби ќе оствари средби со своите колеги од парламентите на земјите кои се членки на Унијата, а ќе се сретне и со колегите од регионот“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...