Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби, за 17.30 часот денеска закажа седница на која единствена точка е предлог-законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка.
Овој потег на Груби уследи кратко по завршувањето на лидерската средба, на која претседателите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса на Билал Касами не постигнаа договор.
ВМРО-ДПМНЕ претходно многу пати го оквалификува потегот на Владата избор на ДИК наместо со двотретинско, да се овозможи со мнозинство од 61 пратеник, како јасен обид да се погазат процедурите и да се донесуваат еднострани одлуки.