Груби – Фленкенштајн: Потребна ни е поддршка и од институциите на ЕУ и од земјите членки


       
Брисел, 6 декември, 2017 - 10:19 (META) 

Претседателот на собраниската комисија за европски прашања и пратеник од ДУИ, Артан Груби, во Брисел се сретнал со европратеникот Кнут Фленкештајн, со кој разговарал за ситуацијата во Македонија и за европската перспектива на земјата и на регионот.

Груби го запознал Фленкенштајн со реализацијата на обврските на земјата, како што се законот за заштитени сведоци, законот за судскиот совет, како и изборот на нов државен јавен обвинител.

Тој од Фленкенштајн побарал поддршка, нагласувајќи дека таа е потребна не само во европските институции, туки и од земјите членки на ЕУ.

Груби го поканил Фленкенштајн во февруари да го посети Скопје и да учествува на Конференцијата на комисиите за европски прашања на парламентите на земјите од регионот.