fbpx

Грците се незадоволни од СИРИЗА, но спасот не го гледаат ни во Нова демократија

-

Новата анкета на јавното мислење на агенцијата „Паблик ишју“ покажува големо незадоволство од работата на владата и песимизам дека работите во Грција може да почнат позитивно да се развиваат. Разочараноста на граѓаните од работата на владата, насоката во која се движи државата и воопшто политичките партии е сè поголема.

Огромен процент од испитаниците, дури 88 отсто, сметаат дека државата оди во погрешна насока, а само 8 отсто од прашаните изјавиле дека државата оди во добра насока. Голем број од оние кои сметаат дека државата не се движи во правилна насока, според анкетата, на изборите во 2015 година гласале и ја поддржале владејачката СИРИЗА.

Незадоволни од работата на владата на СИРИЗА и на Независни Грци се 92 отсто од испитаниците, а висок процент, дури 84 отсто, велат дека имаат негативно мислење и за опозицијата, одговори кои покажуваат дека продолжува разочараноста на граѓаните од сите големи политички партии и факт дека на понатамошните избори Грција ќе мора да има коалициски, а не еднопартиски влади.

Повеќе од половина од испитаниците, односно 52 отсто, сметаат дека ниту влада на СИРИЗА и на Незавини Грци, ниту пак влада на Нова демократија е соодветна за државата и реално не би можеле да ги решат проблемите со кои се соочува Грција.

Иако е ова генералниот став на граѓаните веќе подолго време, сепак поголем дел од граѓаните сметаат дека лидерот на десничарите, Кирјакос Мицотакис, би бил подобар премиер од Алексис Ципрас. На прашањето кој би бил посоодветен премиер за државата, 42 отсто се определиле за Мицотакис, а 22 отсто за Ципрас. Висок е и процентот на граѓани, 35 отсто, кои сметаат дека ни едниот ни другиот не се соодветни да ја водат државата.

Народот е речиси поделен околу прашањето за распишување предвремени избори. 53 отсто од испитаниците сметаат дека избори не се потребни, додека 45 отсто сметаат дека треба да има предвремени избори.

Повеќе од половина од испитаниците, 53 отсто, веруваат дека во последните месеци значително е ослабена позицијата на Грција во меѓународни рамки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...