fbpx

Грција: Засилената реторика на ЕУ за името нема ефект

-

Аналитичарите што го следат спорот за името во Грција сметаат дека апелот за конечно решавање на спорот за името може да се прочита како индиректна порака за нови притисоци и јасен сигнал дека меѓународното трпение е при крај. Тие коментираат дека во овој момент, поради политичката неизвесност во Грција, пораката само ќе се слушне, но нема да може да се примени.

– Овој заклучок им е упатен и на двете страни, меѓутоа не е наредба. Може да се види како многу силен и интензивен совет, но не е наредба. Да, јазикот е поостар од претходно и пораката е упатена и до двете страни. Меѓутоа, со оглед на политичката нестабилност во Грција, тука ќе има само теоретски, а не и практичен карактер – вели професорот по меѓународни односи на Универзитетот „Пиреа“, Аристотелис Ѕиамбирис.

Според него, никој во Грција нема време да се занимава со спорот за името бидејќи не се знае за дестина дена дали државата воопшто ќе има влада.

Новинарот и аналитичар на „Катимерини“, Ставрос Ѕимас, коментира дека клучното прашање е дали двете страни се подготвени да направат отстапки.

– Можеби заклучоците се во поостар тон, но суштината е иста како и досега. Прашањето е дали Атина и Скопје се подготвени да направат отстапки. Ако не се, не може да се дојде до решение, тоа е толку едноставно – коментира Ѕимас.

Како што вели, меѓународната заедница не може да со сила ништо ако не се види волја од двете страни за поместување од црвените линии.

– Клучот за решавањето на спорот не е во рацете на Берлин или на Вашингтон. Клучот е кај Скопје и кај Атина и треба да се направи она што долго време се очекува, еден чекор назад и од двете страни за да се реши проблемот и да се отвори патот кон ЕУ и поголема соработка – вели Ѕимас.

Сепак, како и Ѕиамбирис вели дека овој период Атина нема простор да маневрира околу можни отстапки.

– Ако одиме на предвремени парламентарни избори, никој нема ни да разговара за ова прашање. Дури и ако изборот на претседател не доведе до предвремени парламентарни избори, и тогаш владата во Атина многу тешко ќе може да протне во општеството предлог за отстапка околу спорот за името –  оценува Ѕимас.
Тој смета дека заострениот тон доаѓа од новата загриженост на ЕУ Балканот да не одлучи да му заврти грб на сонот за европското семејство и да падне во прегратки на Русија и на Турција.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...