fbpx

Грција воведува посебен данок за богатите

-

Новата грчка влада подготвува реформи на даночниот систем, со кои ќе воведе посебен „данок за големите имоти“ (ДГИ). Како што јавува „Грик репортер“, со данокот, наводно, ќе бидат опфатено сè што е луксуз и надминува вредност од 300.000 евра.

Новиот даночен систем би требало да ги зголеми приходите на државата и истовремено да одговори на критиките на европските партнери дека богатите Грци не плаќаат даноци.

ДГИ се пресметува врз основа на сите имоти на даночните обврзници и се заменува со едноставна такса, која се применувала на недвижности. Данок ќе мора да плати секој што поседува имот со вредност поголема од 300.000 евра. Дури и невработените кои наследиле голем имот исто така би плаќале ДГИ.

Се планира и зголемување на неоданочениот годишен приход на 16.000 евра по домаќинство со две деца, односно на 19.000 евра за домаќинствата со три деца. Се предвидува и воведување на потрошувачки данок на скапи возила, бродови, авиони, хеликоптери, базени и други луксузи.

Владата, исто така, планира да ги растовари граѓаните со ниски примања со даночни олеснувања, па домаќинствата со годишни приходи помали од 15.000 евра ќе плаќаат понизок надомест за комунални услуги и за недвижности. Со индиректно оданочување, Грците планираат да ги намалат даночните давачки на основа на прехранбени производи и на обновливи извори на енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...