fbpx

Грција во нов јуриш за договор со европските кредитори

-

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, најави дека Грција нема да ја плати следната рата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) доколку не биде постигнат договор со европските партнери.

Во интервју за американската телевизија „Си-Ен-Ен“, грчкиот министер истакна дека Атина веќе нема да може да ги плаќа ратите како досега бидејќи претходно постоел договор дека Атина ќе добива финансиска помош за да може да го исплаќа долгот кон кредиторите.

Варуфакис, сепак, изрази оптимизам дека наскоро ќе биде постигнат договор со кредиторите и поради тоа веројатно и Атина нема да доцни со исполнување на нејзините финансиски обврски кон меѓународните финансиски институции. Тој остро ги демантираше шпекулациите дека Грција ќе остане без пари и ќе се соочи со нов банкрот.

„Државата живее со нејзини сили, благодарение на огромните обиди и жртви од граѓаните. Јавно е познато дека Грција не може да ги исплаќа долговите кон ММФ без да има договор. Веќе четири месеци ги исполнуваме нашите обврски, со плаќањето е исцрпена нашата екномија, веќе не можеме да го правиме тоа. Крајно време е преговарачите со кои разговараме да нè пресретнат барем на една четвртина од патот. Ние имаме изодено веќе три четвртини“, истакна Варуфакис.

Грчката влада се надева во следните денови конечно да ги заврши успешно преговорите со европските партнери за нов пакет финансиска помош за Грција. Информациите се дека премиерот Алексис Ципрас е растргнат меѓу обидот да се постигне договор, барањата на кредиторите и притисоците од СИРИЗА, но одлучен е да се постигне договор во следните денови, без никакво одложување.

Според информациите на весникот „Етнос“, Ципрас има дадено јасна наредба до преговарачите од техничките групи од грчка страна што побргу да се затворат сите отворени прашања во преговорите, но и да се задржат клучните грчки црвени линии за да им се стави крај на четиримесечните преговори, тензијата и натегањата меѓу Атина и Брисел, како и за да не се дозволи Грција да се најде пред финансиски колапс.

Извори од ЕУ за весникот „То вима“ забележале дека е потребен само еден позитивен сигнал од Ципрас и двете страни ќе може бргу да се договорат за пакетот помош, грчките обврски и за компромис за црвените линии како работничките права, намалувањето на данокот на додадена вредност, реформите, приватизациите и социјалните бенефиции за вработените во Грција.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...