fbpx

Грција се гуши: Пристаништа, плоштади, кампови, автопати – се е полно со бегалци

-

Цела Грција е претворена во еден голем центар за бегалци. Илјадници се заглавени на пристаништето во Пиреа, низ прифатните центри во Солун и Атина и на атинскиот плоштад Викторија. Голем број од нив се дури и на автопатите низ државата и чекаат буквално на пат покрај паркинзи и мотели да го продолжат патувањето до Идомени.

Само на Идомени пред границата со Македонија  се проценува дека има околу 4.000 бегалци, додека на пристаништето Пиреја изминатите три дена пристигнале околу 9.000 луѓе.

Голем дел од бегалците кај Идомени од утринава се префрлуваат со автобуси во центарот за реалокација во близина на Солун, кој има капацитет за сместување 2.000 луѓе.

Центарот кај Атина веќе е полн, а голем дел од бегалците кои пристигнуваат на Пиреја чекаат таму бидејќи надлежните веќе не знаат каде да ги сместат. Групи бегалци вчера беа распоредени и кај Кожани и Ламиа.

Многумина тргнуваат и пешки во непознат правец, во обид самостојно да стигнат до македонската граница. Вчера од Идомени заминал 21 автобус со бегалци од Авганистан кои ќе бидат префрлени во центрите во Атина.

Министерството за миграција е во итна потрага по нови празни простори каде може привремено да се сместат бегалците.

Грчките власти денеска ќе имаат средба со специјалниот претставник на Обединетите Нации за бегалците.

Владата будно ќе го следи и состанокот во Виена меѓу Австрија и државите од западен Балкан за да се види каква ќе биде одлуката за протокот на бегалци низ балканската рута.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...